Стерлинг доби дозвола да пазарува, но предизвика бес во јавноста (ФОТО)

Поголемиот дел од фудбалерите во Англија се на принудна изолација по појавата на коронавирусот во англискиот фудбал.

Но, фудбалерот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг доби дозвола да го напушти домот само за да обезбеди прехранбени производи од продавница. Сето тоа беше забележано од фоторепортерите кои веднаш објавија негови фотографии во јавноста.

Стерлинг објасни дека добил специјална дозвола од клубот и лекарскиот тим. Но, и покрај тоа, навлече бес во англиската јавност поради тоа што немал никаква заштита, ракавица и маска за лице…

Се вчитува...