Стерлинг ја соопшти одлуката на Гвардиола!

Рахим Стерлинг и дефинитивно е решен да си замине од Сити. Тој наводно веќе му најавил на Гвардиола дека сака да оди на позајмица во Барселона во јануари, па на клубот му останува да ја чуе понудата на Каталонците, кои се заинтересирани да го купат Англичанецот следното лето, една година пред истекот на неговиот договор.

Пеп рече дека не може никому да ветува минути, а воедно и потенцираше дека Стерлинг е многу важен за Сити, но дека се важни и другите играчи.

„Не е моја работа да размислувам за тоа, а не е ниту на Стерлинг, наша работа е теренот. Ако тој е незадоволен, агентите служат да преговараат, да најдат клуб и потоа Сити и играчот да најдат заедничко решение. Јас секогаш сакам сите да бидат задоволни“, објаснува Пеп.

Што се однесува до Барса, Чави го сака Стерлинг, но проблем е неговата плата, имено англискиот репрезентативец добива близу 17 милиони евра, а за Барселона тоа е мисловна именка. Веројатно клубот од Каталонија би понудил играч, но Сити тоа не го интересира, а на лето ситуацијата може да биде подобра под услов да се ослободи од договорот на Дембеле, болниот Агуеро, Умтити и уште неколку играчи.

Се вчитува...