Стерлинг јавно го искажа незадоволството во Сити: Сакам да играм и да давам голови

Крилото на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг има намера да ја смени средината и да замине некаде каде што ќе добива поголема минутажа. Англискиот репрезентативец не ја исклучи можноста дури да замине и надвор од Англија.

„Ако се појави можност да заминам некаде каде што ќе играм редовно, би размислил сериозно. Како што неколкупати имам кажано, фудбалот е најважното за мене. Не е лошо да се пробам и во друго првенство, се разбира доколку понудата биде примамлива“, рече Стерлигн за „Индепендет“.

„Не сум од луѓето кои се жалат. Не сакам да дигам врева поради ситуацијата во која се наоѓам. Работам напорно, и едноставно сакам да играм и да давам голови“, дополни Стерлинг.

Од почетокот на сезоната, Стерлинг беше дел на седум натпревари во кои постигна еден гол.

Се вчитува...