Стерлинг: Лампард и Џерард добија шанса бидејќи се белци

Бројни спортисти ширум светот ја даваат својата поддршка на протестите за расна еднаквост по полициската бруталност и убиството на Џорџ Флојд во САД. Рахим Стерлинг се приклучи на иницијативата, жалејќи се и на расизам во рамките на англискиот фудбал, пред се при поделбата на улогата во клупските управи.

„Ова е време за разговор на тие теми, за неправдите. Оние кои мислат дека се е во ред во Премиер-лигата треба добро да размислат. Навистина, има 1.500 фудбалери од кои една третина се црномурести, но какви се бројките во клупските хиерархии, во тренерскиот персонал. Реалноста е дека нема многу луѓе со кои можеме да се поистоветиме, да разговараме“, вели Стерлинг.

Како пример за „расизам“ во британскиот фудбал го нагласи тренерскиот напредок на поранешните англиски репрезентативци Френк Лампард и Стивен Џерард, кои се предводници на Челси, односно Глазгов Ренџерс.

„Совршен пример се Џерард и Лампард, наспроти Сол Кемпбел и Ешли Кол. Тоа се извонредни фудбалери со фантастични кариери, четворицата ги добија лиценците за работа на највисоко ниво, но Џерард и Лампард како белци добија шанса за докажување, додека двајцата црномурести стратези се уште чекаат да се најде некој што ќе им укаже доверба“, истакнува асот на Манчестер Сити.

Се вчитува...