Стерлинг лојален на Манчестер Сити, клубот очекува дека ќе остане и Гвардиола

Рахим Стерлинг е првот играч кој јавно потврди дека ќе остане лојален на Манчестер Сити и покрај проблемите кои ги има клубот по супензијата од европски натпреварувања од УЕФА. Неговиот агент, Енди Ворд, вели дека Стерлинг е посветен на клубот и нема да дозволи да биде дефокусиран од понуди за трансфер.

„Дури и а ко не исфрлат во Лига 2, јас ќе останам лојален на клубот. тОва е време кога треба да се остане заедно“ – вели Стерлинг

Информациите велат дека и менаџерот Пеп Гвардиола ќе го почитува договорот кој е до крајот од следната сезона и покрај проблемите на клубот. Шпанецот во саботата им се обратил на играчите со барање да останат фокусирани на натпреварувањата во кое се бори клубот во моментов.

Судбината на Манчестер Сити е неизвесна, клубот ќе ја обжали одлуката на УЕФА на Спортскиот арбитражен суд во Лозана. Од одлуката на судот потоа ќе зависат понатамошните чекори. Во Премиер-лигата конкурентите на Сити исто така се во очекување на разврската со оглед дека ако биде потврдена суспензијата, ќе се отвори место во Лигата на шампионите.

Се вчитува...