Стевковски одличен на голот, реми без голови на „лавовите“ со Брегалница (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија ЃП и Брегалница ремизираа без голови во последниот натпревар од 15. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Брегалница беше подобра во првото полувреме, но не успеа да го искористи тоа за предност по првите 45 минути, благодарение главно на голманот на домашните Стевковски кој одлично интервенираше во неколку наврати пред налетите на гостите од Штип.

100% шанса во 24. минута имаше Ѓокиќ за водство на Брегалница, но неговиот шут од десеттина метри го одбрани Стевковски, а потоа и во 27. минута повторно Ѓокиќ не успеа да реализира. Стевковски одбрани и во 35. минута по корнерот на Херера кога Стевсковски спаси на самата гол-линија.

Во второто полувреме рамноправна игра главно на средината од теренот, иако Брегалница повторно ги имаше поконкретните можности за погодок и триумф.

Но, Стевковски беше сигурен на голот на Македонија ЃП. Домашниот голман интервенираше убаво при шутот на Херера од слободен удар во 60. минута, а спречи сигурен погодок на гостите во 71. минута кога Ѓорѓиев на асистенција на Ѓокич од само неколку метри одлично реагираше, сето тоа за конечни 0-0.

 

ПМФЛ – 15. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА 0-0
ВЧЕРА
Струмица: АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС 3-0
Донов 23′, Трајков 47′, Ангелов 81′
Кичево: ШКУПИ – СКОПЈЕ 3-1
Цефас 19′, Марбелашвили 22′, Хамиди 51′ – Настевски 3′
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА 1-0
Малески 40′
Кавадарци: ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 3-0
Ивановски 36′, Миловановиќ 57′, Христов 62′

Се вчитува...