Стигна казната за Златан, за непочитување и критикување на судијата

Златан Ибрахимовиќ е казнет со еден натпревар суспензија поради црвениот картон што асот на Милан го заработи во второто полувреме од дуелот со Парма.

„Росонерите“ го бранеа својот голгетер со алиби дека судијата Мареска не разбрал што Златан му дофрлил во комуникацијата, но главниот арбитар останал на својот став. Во одлуката на дисциплинската комисија е наведено дека Ибрахимовиќ е казнет поради непочитување и критикување на судијата, а Швеѓанецот покрај суспензијата ќе треба да плати и парична казна од 5.000 евра.

Ова значи дека Ибрахимовиќ ќе го пропушти неделниот дуел со Џенова, меч закажан за 12.30 часот на кој гостите ќе настапат без капитенот Кришито, кој исто така е суспендиран.

Покрај голгетерот на Милан и дефанзивецот на Џенова, суспензии од по еден натпревар во пресрет на новото коло од Калчо-лигата им беа изречени и на: Лозано (Наполи), Каиседо (Лацио), Ромеро (Аталанта) и на Пелегрини (Рома).

 

Се вчитува...