Стигна одговор зошто не беа досудени пенали на Ел класико

Реал Мадрид се жалеше на судењето на последното Ел класико, во кое според нив не беа досудение два очигледни пенали. Два пати според „кралевите“ имало ситуации за пенал врз Рафаел Варан, но ниту судијата ниту ВАР технологијата не се одлучи да досуди удар од белата точка.

Шпанските медиуми дојдоа до информација зошто главниот судија на мечот Хернандез Хернандез не се одлучил да суди најстрога казна.

„Добивме информација дека судијата имал посебни упатства пред почетокот на мечот. Првата насока била дека пенал треба да досуди само доколку ситуацијата е очигледна, а втората сугестија е да биде внимателен околу доделување на втор жолт картон“, беше соопштено во шпанските медиуми. 

За потсетување едно од најслабите Ел класика во историјата заврши без победник 0-0.

Се вчитува...