Стигна потврда: Сопствениците сакаат да го продадат Ливерпул

Претседателот на фудбалскиот клуб Ливерпул, Том Вернер потврди дека сопствениците на клубот, американската компанија „Фенвеј спортс груп“ размислува за продажба на „црвените“.

Неодамна, кога медиумите на Островот објавија дека „ФСГ“ има намера да го продаде Ливерпул, оваа американска компанија објави дека попрво би размислувале за нови акционери. Сепак, Би-Би-Си пренесува дека Том Вернер ја потврдил можноста клубот да биде продаден.

„Ја истражуваме можноста за продажба, но не брзаме, немаме никакви временски ограничувања, а што се однесува до мене, тоа е вообичаено“, изјави Том Вернер. 

ФСГ го поседува и бејзбол тимот на Бостон Ред Сокс. НБА ѕвездата Леброн Џејмс е косопственик на Ливерпул од 2011 година и има 2% од акциите, што го чинеше 4,7 милиони фунти.

Финансиските експерти проценуваат дека денес вредноста на Ливерпул би можела да достигне дури пет милијарди долари (4,4 милијарди фунти).

Се вчитува...