Грег Попович е минато на клупата на американската кошаркарска селекција. Тренерот на Голден стејт, Стив Кер и официјално е нов селектор на американскиот „дрим-тим“.
Грег Попович го освои златото на неодамнешните Летни олимписки игри (ЛОИ) во Токио, а Кер според договорот сега ќе биде на кормилото на САД на Мундобаскетот во 2023 година и следните ЛОИ во Париз во 2024 година.
Стив Кер е осумкратниот НБА-шампион, петпати како играч и трипати како тренер, пет пати како играч. Во стручниот штаб на Кер ќе се најдат тренерите на Феникс и на Мајами, Монти Вилијамс и Ерик Сполстра, како и долгогодишниот „шеф“ на Универзитетот Гонзага, Марк Фју.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА