Стивен Џерард се враќа во Премиерлигата?

Некогашниот ас на Ливерпул, а денешен тренер на Ренџерс, Стивен Џерард би можел да се врати Премиерлигата на тренерската позиција на Астон Вила, пренесуваат медиумите на „Островот“.

Клубот од „Вила Парк“ се одлучи да му врачи отказ на Дин Смит по серијата на пет порази во низа, а како наследник го гледа токму 41-годишниот Англичанец кој прави чуда на клупата на Ренџерс каде претходната сезона ја донесе и титулата по повеќе од 10 години пауза.

Останува да видиме само дали Џерард ќе сака да замине од шкотскиот тим сред сезоната поготово во моментот кога се натпреварува во Лига Европа за борба за опстанок во елитното натпреварување во Англија.

Се вчитува...