Стивен Џерард се врати во Премиер-лигата!

Стивен Џерард е нов менаџер на премиерлигашот, Астон Вила. Клубот од Бирмингем денеска го официјализираше потписот со младиот стратег кој се враќа во Премиер-лигата.

Џерард на Вила Парк доаѓа како замена за Дин Смит кој беше на чело на клубот од 2018 година, но поради слабите резултати од раководството решија да го раскинат договорот со 50-годишниот стратег.

Стивен Џерард тренерската кариера ја почна на кормилото на шкотски Ренџерс, со кој минатата сезона на убедлив начин ја освои титулата во домашниот шампионат.

 

Се вчитува...