Стоичков „има лек“ за Ковид-19: Јадам лук, се туширам со врела вода…

Најдобриот бугарски фудбалер на сите времиња, Христо Стоичков, е поборник на тезата дека конзумирањето на лук е од голема помош во борбата против коронавирусот. Тој се наоѓа во самоизолација во Мајами и открива како се справува со целата ситуација.

„Се обидувам да се заштитам нaјдобро што можам. Јадам многу лук, пијам само топла вода и се туширам со врела вода. Тука сум со сопругата и со нејзината мајка, која има 80 години. Најмногу се грижиме за неа, бидејќи коронавирусот е најопасен по највозрасните лица. Мојата ќерка живее блиску до нас, но не можев да го видам своето внуче повеќе од една недела. Не смееме да ризикуваме бидејќи болеста лесно се пренесува“, истакнува Стоичков.

Екс-ѕвездата на Барселона не верува дека сезоната во Лигата на шампионите ќе може да финишира до крајот на месец јуни.

„Целиот спорт е запрен, мора да се направи се за да се спречи ширење на заразата. Искрено, мислам дека нема шанси да се доигра Лигата на шампионите. Погледнете само како се шири вирусот низ Европа, некои земји се уште не се сериозно погодени, кај нив допрва ќе следи влошување на ситуацијата. На протимер, во Турција има 1.200 случаи и само неколку мртви, а тоа е држава со 100 милиони жители. Зарем навистина верувате дека во јуни во оваа земја ќе може да се игра во финалето од Лигата на шампионите. Лично сум песимист, најважно е да останеме здрави и да се спречи нов пораст на бројот на заразени“, порачува Христо Стоичков.

Се вчитува...