Стоилов: Да не ја разочараме публиката на крајот од годината

Вардар игра извонредна сезона и во таков стил треба и да ја заврши годината. Во последниот натпревар пред зимската пауза во Лигата на шампионите, в сабота (17.30 ч.), вардарци во Скопје го пречекуваат шведскиот Кристијанштад. Капитенот Стојанче Стоилов, најави уште еден победниќки настап на „црвено-црните“ кои како што вети, нема да ја разочараат својата публика ни во овој дуел со Кристијанштад во кој влегуваат максимално мотивирани.

Во сабота играме навидум лесен натпревар, но Кристијаншта не треба да се потцени. На натпреварот со ПИК Сегед покажаа дека се незгодна, динамична екипа. Ако играме како што знаеме, ќе ја оправдаме таа фаворитска улога и со победа ќе го завршиме овој дел од Лигата на шампионите. Не треба да се опуштиме, досега немаме пораз и се оди добро, да не ја разочараме публиката на крај од годината“ – истакна Стоилов.

По девет одиграни кола, Вардар е на лидерската позиција во групата А со 16 бода, а Кристијанштад е на шестата позиција со шест бода. Во првиот натпревар во Шведска, ватрдарци славеа победа со 26-23.

Се вчитува...