Стоилов: Мора да победуваме ако сакаме да продолжиме како лани

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов ја потенцираше важноста на саботниот натпревар против Рајн Некар Левен и императивот на „црвено-црните“ да останат во победничка серија и да ја продолжат успешната приказна од лани. Германскиот шампион кој лани успеа да му ги земе бодовите на Вардар во „Јане Сандански“, ќе биде вистинскиот тест за вардарци во одбраната на лидерската позиција.

Рајн Некар Левен е екипа која претходната сеозна ни приреди непријатен пораз дома, откако ги победивме во германија. Играат во топ форма, имаат добри играчи и непријатна тактика „7 на 6“. Но, ако сакаме да го продолжиме она што го започнавме минатата сезона, мора да победуваме на сите натпревари до крај. Очекувам полна салоа и добра атмосфера“ – вели Стојанче Стоилов.

Ова ќе биде седми меќусебен натпревар меѓу Вардар и Рајн Некар Левен во Лигата на шампионите. Во досегашните шест средби, Вардар има четири победи. Минатата сезона, вардарци славеа на гостувањето во Германија со 33-27, но потоа загубија на вториот меч во Скопје со 26-29.

Се вчитува...