Стоилов: Шансите за четвртфинале ги загубивме во Скопје, се надевам дека следната година ќе бидеме подобри

Ракометниот шампион на Македонија Вардар со реми (31-31) на гостувањето во Веспрем се збогуваше од годинашното издание во Лигата на шампионите.

Капитено на „црвено-црните“ Стојанче Стоилов изјави дека шансите за пласман во четвртфиналето Вардар ги загубил во првиот меч кој минатата недела во Скопје го загуби со (22-30).

„Ова беше чуден натпревар. Многу загубивме на првиот меч во Скопје, но тука дојдовме да се бориме. Знаевме дека ќе биде тешко да се победи Веспрем и јасно е дека шансите за четвртфинале ги загубивме во Скопје. Ова е лекција за нас и се надевам дека следната година ќе бидеме подобри“, изјави Стоилов. 

Се вчитува...