Стоилов: Тука сум, тука останувам, ќе го надминеме и ова…

Капитенот на Вардар, Столе Стоилов исто така беше на прес-конференцијата денеска, и не го криеше своето разочарување од одлуката „црвено-црните“ да не играат во ЛШ.

Тој кажа дека казната ги погодила сите во клубот, но и дека ЕХФ не ја знае ситуацијата внатре во Вардар.

„Јас сум пред се многу разочаран од одлуката на ЕХФ, мислам дека тие не се свесни каква е ситуацијата во клубот и некако бездушно го казнија Вардар когатие долгови беа предкрај, кога клубот конечно застана на здрави нозе. Оваа казна ги погоди сите во клубот, не вратија некоја година наназад.

Стоилов најави дека и натаму останува во Вардар, и оптимизам дека ќе се надмине и оваа ситуација.

„Тука сум долго време, тука и останувам, ќе го надминеме и ова. Се надеваме дека Михајло ќе остане дел од клубот, ги разбирам неговите мотиви, но верувам дека не е дојдено времето да се повлече. Тој го спаси Вардар од колапс, но не е целосно спасен клубот за тој да се повлече. Верувам дека пак ќе одиме на титула, знам дека ќе биде многу тешко, Еурофарм се покажа како респактабилна екипа, но ние сме Вардар, ние сме шампиони секоја година и повторно одиме на титула“,

Капитенот на Вардар истакна неверување во неисполнувањето на сето она што било ветувано.

„Јас сум бил физички присутен кога се кажувало, кога се ветувале триста работи, и не ми се верува дека ништо од тоа не е исполнето. Знам дека е тешко време, пандемија, војна, не е лесно да се обезбедат средства, но да се реализира НУЛА од она што е ветено, тоа не е нормално.

Се вчитува...