Стојанов: Имавме преголем респект кон Вардар, тоа не чинеше пораз…

Академија Пандев загуби од Вардар со 0-2 во првиот официјален натпревар меѓу двете екипи во историјата. Но, стратегот на „академците“, Панче Стојанов не е незадоволен од играта на неговите избраници, потенцирајќи дека преголемиот респект кон противникот можеби ги чинел пораз…

„Ја сум задоволен од играта на моите фудбалери. Сепак се виде дека Вардар е поквалитетен од нас, притоа искористи едно наше мало невнимание во 47. минута и поведе. По овој момент многу работи ни тргнаа надолу. Второ полувреме пробавме да направиме нешто, но на крај Вардар сосема заслужено победи. Наше стратегија не беше да играме дефанзивно, но можеби имавме малку поголем респект кон противникот и тоа се одрази. Сепак не бевме ништо послаби од Вардар во текот на целиот меч, тие си ги искористија своите шанси, си дадоа два гола и заслужено не совладаа“ – вели Стојанов.

Во следното 18. коло од шампионатот, Академија Пандев во недела на 3. декември игра против Силекс во Струмица.

Се вчитува...