Стојчев: Нема откажување до крај, се додека има и најмала надеж ќе се бориме против Лехија

Тренерот на Академија Пандев, Ѓорѓе Стојчев пред утрешниот реванш дуел со полската Лехија Гдањск нагласува дека неговиот тим нема намера воопшто предвреме да се предаде и покрај високата предност од 4-1 на Полјаците од првата средба.

„Жалиме за резултатот од првата средба, игравме добро, не искористивме шанси, без разлика каков е резултатот од првиот меч, веруваме во успех. За нас утре е голем фудбалски ден, веруваме дека можеме до следната рунда, Марко Ѓорѓиевски е повреден, и нема да игра, како и Бојан Димовски и Коста Манев кои се повредени. Влегуваме во мечот да победиме, тоа е нашата желба“ – истакна Стојчев на денешната прес-конференција, притоа дополнувајќи:

„Уште со самата ждрепка знаевме дека го добивме можеби најтешкиот противник во првото коло. Во Полска испуштивме многу шанси, утре не се откажуваме, веруваме во екипата, ќе одиграме офанзивно, екипата ќе направи се за успех, ќе одиме до крај. Европските натпревари се тешки за нас, се игра со висок ритам, ако утре одиграме како во Полска, во Скопје можеме да се надеваме на добар резултат. Утре Академија Пандев мора да одигра перфектен натпревар, без грешка, Лехија има одлични напаѓачи, како тим треба да одиграме, агресивно и силно, и секако тимски“.

Натпреварот меѓу Академија Пандев и Лехија Гдањск се игра утре од 17 часот на стадионот на комплексот на ФФМ во Скопје.

Се вчитува...