Стојчевски: Швајцарија ги казни нашите грешки

ЕКИПА во Луцерн, Швајцарија
Владимир Булатовиќ

Македонија синоќа го одигра, можеби најдоброто полувреме во Лигата на нациите низ септемвриско-октомврискиот собир, но сето тоа залудно кога како „балон пукна“ низ вториот дел од мечот за нов убедлив пораз во Б-дивизијата, овој пат на гостувањето против Швајцарија со 3-0.

Дефанзивецот Андреј Стојчевски го сумираше мечот…

„Првото полувреме мислам дека го одигравме коректно, но Швајцарија е квалитетна репрезентација, можеби најквалитетна во оваа наша група, и таквите наивни грешки ги казнува многу лесно. Можеби ни падна концентрацијата и на ова ниво не се простуваат никакви грешки. Создаваме шанси, но тој последен чекор е најбитен. Ни фали реализација. Мислам дека таму малку сме тенки и треба да поработиме повеќе на тоа“, рече Стојчевски. 

Се вчитува...