Стојчевски суди во Италија, Илиоски во Сан Марино, Ставрев контролор во Азербејџан…

И ноември не меже да мине беа претстаници на Фудбалската федерација на Македонија на меѓународната сцена, што е знак дека Комисиите на УЕФА имаат доверба во нив и дека добро ја извршуваат работата. Веќе објавивме дека на 18 ноември Александар Ставрев во Баку ќе го контролира судењето на квалификациониот меч за настап на светското првенство во Баку меѓу репрезентациите на Азербејџан и Франција.

Во Италија, во градот Катанија веќе неколку дена се наоѓаат македонските судии Игор Стојчевски како главен и Гоце Петрески како асистент, кои судат на квалификациониот турнир за настап на Европското првенство, играчи до 19 години. На турнирот кој се одржува од 10 до 19 ноември учествуваат репрезентациите на Италија, Босна и Херцеговина, Полска и Молдавија.

Влатко Илиоски, на 18 ноември ќе биде главен судија на квалификациониот натпревар за  настап на Европското првенство, играчи до 21 година меѓу Сан Марино Кипар. Ќе му помагаат Даниел Василевски и Борис Трајков, четврти судија ќе биде Ќерими Бенјамин.

Месецот ноември, барем досега, од нашите претставници во УЕФА ќе го заврши Жарко Игњатовски кој на 27 ноември ќе биде во улога на организационен директор на натпреварот во групната фаза на Лига Европа во Чешка меѓу Викторија Плзен и германскиот клуб Фрајбург.

Овој месец  патуваше и Филип Поповски, кој вонредно беше делегат на мечот меѓу Ница и Фрајбург/ 1:3/  во рамките на групната фаза во Лига на Европа. Натпреварот се одигра на 6 ноември.

М.М

Се вчитува...