Стојкоски и Јованова победници на „Прв до врв 2019“ (ФОТО)

Комбинацијата на природна убавина која ја нуди гордоста на Скопје – малата планина Водно, со нескриената огромна волја, натпреварувачки дух, карактер и желба да се биде прв го донесоа целокупниот шарм на годинашното издание на „Прв до врв“ – манифестација која заокружува неколку типа на трки во најбрзо искачување до врвот на Водно.

Во конкуренција на повеќе од 500 натпреварувачи на трката во планинско трчање, на крајот во машка конкуренција триумфираше Александар Стојковски со време од 35:35 минути…

Во женска конкуренција првото место го однесе Благица Јованова од МТБ Исток, пред Весна Кираџиева од Ендуранс и Тамара Славеска.

Во екипна конкуренција, пак, меѓу мажите победи тимот на „НРЦ Најк Ран клуб“ од Скопје, пред МТБ Исток…

Победата во женска конкуренција – екипно, повторно ја однесе АК „НРЦ Најк Ран клуб“ од Скопје, пред АД ТК и девојките на „ЕКИПА.МК“ кои во состав Рената Радичевиќ Станоевски, Савица Поп Тонева и Катарина Радичевиќ, за првпат на ова натпреварување, стигнаа до третото место.

На крајот, без разлика на резултатскиот императив, организаторите преку заедничка музичка забава уште еднаш отворено ја демонстрираа основната определба на „Прв до врв“ да биде манифестација пред се за промоција на здравиот начин на живот, дружба и атлетска авантура.

Се вчитува...