Стојоски на 21. место oд 25 атлетичари на Светското првенство во Белград

Единствениот македонски претставник на Светското атлетско првенство во сала во Белград, Јован Стојоски го освои 21. место на трката на 400 метри. Стојоски делницата од 400 метри ја помина за време од 47.80 секунди што беше доволно за претпоследното место во четвртата квалификациска група, откако Бразилецот Лукас Карваљо дополнително беше дисквалификуван.

Жулиен Ватрин беше најбрз во квалификациите поставувајќи национален рекорд на Белгија со време 45.88 секунди што беше за скоро две секунди побрзо од нашиот Стојоски.

Се вчитува...