Стојоски го урна државниот рекорд на Македонија на 200 метри

Најдобриот македонски атлетичар Јован Стојоски постави нов рекорд на Македонија на 200 метри. Стојоски делницата од 200 метри на Европското тимско првенство ја помина за време од 21.35 стотинки, што е за пет стоти делови од секундата подобро од досегашниот рекорд кој беше во негова сопственост.

Стојоски со истрчаното време од 21.35 стотинки го освои првото место на 200 метри, со што на Македонија и донесе максимални 13 поени од оваа дисциплина.

Се вчитува...