Стојоски, Ивановски и Поп Арсова се македонските претставници на Европското првенство за мали земји

Македонската репрезентација со тројца натпреварувачи од денеска ќе биде дел од Европското првенство за мали земји.

Јован Стојоски ќе не претставува во дисциплините на 100 и 400 метри, Дарио Ивановски ќе трча на 3.000 метри, исто како и Андријана Поп Арсова во женска конкуренција.

„Подготвени сме за овој шампионат. Очекувам најмалку подиум за сите тројца, со надеж секако и ако може да се дојде до златниот медал“ – вели селекторот Кристијан Кајчевски.

Се вчитува...