Стојоски, Ивановски и Трајковски на Балканското атлетско првенство во Истанбул

Македонија со тројца атлетичари ќе учествува на Балканското првенство во сениорска конкуренција во сала кое викендов ќе се одржи во Истанбул, Турција.

Во дисциплината 400 метри ќе не претставува Јован Стојоски, пријавен со личен резултат и рекорд на Македонија од 47,18 секунди. Дарио Ивановски ќе се натпреварува во дисциплината 3000 метри, со личен резултат и рекорд на Македонија од 8.01.63 минути, и Андреас Трајковски во дисциплината скок во далечина со личен резултат и рекорд на Македонија од 7,65 см и во дисциплината 60 метри, пријавен со личен резултат  6,90 секунди.

„Со оглед на тоа дека сите тројца во овој дел од сезоната значително ги соборија и подобрија националните рекорди во своите дисципли, а и самото учество на бранителот на титулата балкански шампион Дарио Ивановски кој минатата година донесе златен медал од ова првенство, нескромно очекуваме повеќе медаљи“ – информираат од Атлетската федерација.

На првенството ќе учествуваат 22 држави членки на Балканската федерација со повеќе од 350 атлетичари.

Се вчитува...