Стојоски последен на 400 метри на ЕП во Торун

Единствениот македонски претставник на Европското првенство во сала во Торун, Полска, Јован Стојоски го заврши својот настап на последното место во квалификациите на 400 метри. Стојоски делницата од 400 метри ја помина за време од 48.60 секунди.

Стојоски одлично ја стартуваше трката и беше на 4. место во својата група, се додека Италијанецот, Бенат Лоренцо не го оттурна по што Стојоски ја загуби рамнотежата и на крајот заврши на последното место во својата група.

Стојоски на шампионатот замина со пријавено време  од 47.57 секунди. Претходно поради коронавирус својот настап на 1500 метри мораше да го откаже Дарио Ивановски.

Се вчитува...