Стојоски со личен рекорд на 400 метри на ЛОИ (ВИДЕО)

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски истрча свое најдобро време во квалификациите на 400 метри на Летните олимписки игри во Токио.

Тој во четвртата квалификациска група на 400 метри истрча време од 46.81 секунда што е за една стотинка подобро од неговото најдобро време. Тој со овој резултат заврши како претпоследен во својата група, бидејќи иако имаше најслабо време поради дисквалификацијата на Кениецот Емануел Кипкури заврши како седми.

Вкупно во квалификациите Стојоски се пласираше на 38 место од вкупно 48 атлетичари.

 

 

Се вчитува...