Столе Димитриевски повторно е меѓу најзаслужните што Рајо Валјекано стигна до максимален ефект и по второто коло во Ла Лига, откако тимот на македонскиот голман славеше со 0-2 на гостувањето против Гранада.
Нашиот репрезентативец потврди дека е во топ-форма со неколку одлични интервенции во првото полувреме, кога спречи домаќините да го отворат резултатот и покрај подобрата игра на теренот.
Рајо стигна до трите бода благодарение на фуриозниот финиш, откако Алваро Гарсија во 75. минута и Сис четири минути подоцна го матираа голманот на Гранада.
Димитриевски беше избран за најдобар голман во Ла Лига во првото коло, а со денешното издание и седумте успешни интервенции уште еднаш потврди дека се наоѓа во топ-форма пред септемвриските квалификациски дуели со Италија и со Малта.
▶️ @Dimitrievski1 ⛔️#GranadaRayo #VamosRayo pic.twitter.com/pTOXvBxsGl
— Rayo Vallecano (@RayoVallecano) August 21, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА