Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е единствената светла точка во националниот тим низ штотуку завршениот прв циклус во Лигата на нациите, ако се погледнат статистичките показатели.
Димитриевски, по првите четири кола во сите дивизии од Лигата на нациите, е со најмногу одбрани.
На четири натпревари, македонскиот голман има вкупно 21 одбрана што го издвојува на врвот од листата по најголем број одбрани, пред Сене Ламенс од Белгија со 19 и Џиџи Донарума од Италија со 19 одбрани.
Понатаму на листата следуваат Ентони Морис (Луксембург) со 18 одбрани, Вања Милинковиќ – Савиќ (Србија) и Јан Облак (Словенија) со 17 одбрани, пред Даниел Наумов од Бугарија со 16 одбрани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
