Серијата од три меча без пораз на Рајо Валјекано беше прекината денеска откако тимот на нашиот Столе Димитриевски загуби на гостувањето против Вилјареал со 2-0.
„Жолтата подморница“ во долги периоди се мачеше да наметне темпо, но успеа да стигне до триумф со двата гола што ги постигна во период од четири минути пред крајот на првото полувреме. Првиот беше дело на Манди, Димитриевски бараше прекршок врз него поради контакт во петерецот, но ниту главниот, ниту ВАР-судиите немаа храброст да ја сменат одлуката откако топката заврши во мрежата.
Веднаш потоа Вилјареал постигна и втор гол, овојпат од пенал преку Жерар Морено, досуден по минимален контакт во шеснаесетникот на Рајо.
Столе Димитриевски повторно беше меѓу најдобрите поединци во својот тим, македонскиот голман имаше неколку одлични интервенции, но сепак не успеа да спречи пораз на „Ел Мадригал“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА