Столе Димитриевски со „петарда“ од Барселона во својата мрежа за елиминација на Валенсија во Купот на Шпанија

Барселона е последниот полуфиналист во Купот на Шпанија откако во четвртфиналната пресметка славеше на гостувањето против Валенсија со убедливи 0-5.

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше на голот на Валенсија која прими четири гола по само 30 минути игра.

Феран Торес стрелаше веќе во 3. минута за 0-1, а потоа погоди и во 17. минута, за да Лопез во 23. минута стрела и за 0-3. Хет-трик запиша Торес со голот во 30. минута за 0-4.

Конечните 0-5 ги постави Ламине Јамал во 59. минута.

Се вчитува...