Столе надвор од тимот на Рајо во ремито против Реал Бетис (ВИДЕО)

Рајо Валјекано и Реал Бетис одиграа без победник 1-1 во натпревар од 20. коло во шпанската Ла лига. Морено во 33. минута доби директен црвен картон по кој гостите мораа цел час да играат со играч помалку.

Сепак и покрај бројчаната негатива тимот од Севилја стигна до водство со голот на Каналес во судиското надополнување во првото полувреме. Конечните 1-1 ги постави Балиу во 70. минута.

Македонскиот голман Столе Димитриевски не беше дел од тимот на Рајо на овој натпревар.

 

 

Се вчитува...