СТОП за Атлетико Мадрид во Сан Себастијан

Реал Сосиедад стави крај на перфектниот старт на сезоната на Атлетико Мадрид, откако вечерва славеше над тимот на Диего Симеоне со 2-0.

Домашните навивачи можеа да уживаат во претставата на своите миленици, кои победата ја осигураа во второто полувреме. Мартин Одегард, кој е дојден на позајмица од Реал Мадрид, го постигна првиот погодок со прецизен удар од петнаесетина метри, додека на 2-0 зголеми дефанзивецот Начо Монреал.

За проблемите на Симеоне да се уште поголеми, при вториот гол на Реал се повреди голманот Јан Облак, кој сега е неизвесен за дуелот со Јувентус во Лигата на шампионите.

Се вчитува...