Стоп за Лестер, нова „шлаканица“ за Челси

Лестер не успеа да ја продолжи победничката серија во Премиер-лигата, по ремито што „лисиците“ попладнево го одиграа на домашен терен против Норвич (1-1). Иако стануваше збор за меч што „на хартија“ требаше да биде меѓу полесните за избраниците на Брендан Роџерс, тие не успеаја да ја оправдаат фаворитската улога. Пуки ги доведе гостите во водство, Џејми Варди израмни пред крајот на полувремето, но истиот фудбалер потоа не искористи неколку убави шанси за целосен пресврт.

По ова реми, Лестер сега заостанува десет бода зад лидерот Ливерпул.

Челси одигра уште еден катастрофален натпревар на домашен терен, губејќи од Бурменаут со 0-1. „Сините“ беа далеку под посакуваното ниво, а голот го примија пред самиот крај преку Гослинг. Помошниот судија најпрвин досуди офсајд, но по прегледување со ВАР неговата одлука беше сменета, па главниот арбитар го призна голот.

Резултати Англија:

Лестер – Норвич 1-1, Челси – Бурнемаут 0-2, Шефилд – Астон Вила 2-0, Барнли – Њукасл 1-0.

Се вчитува...