Стоп за Вест Хем, гостински победи за Евертон и за Лестер

Вест Хем по двете победи на стартот на сезоната денеска ги разочара своите фанови играјќи само 2-2 на домашен терен против Кристал Палас. Гостите беа без постигнат гол во првите две кола, но денеска расположен беше двојниот стрелец Галахер, кој двапати го израмнуваше резултатот по водечките погодоци на Форналс и на Антонио.

Евертон забележа победа од 0-2 на гостувањето против Брајтон. Греј одлично се снајде и го отвори резултатот пред крајот на првото полувреме, а во вториот дел од пенал стрелаше Калверт Луин, кој излезе како победник од битката со Ришарлисон околу тоа кој од нив двајца ќе го изведе ударот од белата точка.

Олбрајтон му донесе триумф на Лестер на гостувањето против Норвич, а интересно беше и во Њукасл, каде Саутемптон со голот од пенал на Ворд Прауз во 96. минута се спаси од пораз (2-2).

Се вчитува...