Страшна сообраќајка: Почина репрезентативец на Косово

Косовскиот спорт денеска е завиен во црно по тешката сообраќајна несреќа во која животот го загуби еден кошаркарски репрезентативец на оваа земја, Газменд Синани.

Во сообраќајката учествувале уште неколку репрезентативци, Алтин Морина, Фисник Ругова и Гранит Ругова, како и физиотерапевтот Кујти Шаља, тие се наоѓаат надвор од животна опасност, но за жал Синани го загубил животот на лице место.

„Го загубивме еден од најдобрите и највредните кошаркари на оваа генерација. Неговата посветеност на напорната работа беше инспирација и мотивација за соиграчите, неговиот спортски дух засекогаш ќе биде запаметен“ – се вели во соопштението на Кошаркарската Федерација на Косово.

Се вчитува...