СТРАШНО: Навивачи во 4 часот наутро го чекаа селекторот да го тепаат (ВИДЕО)

Неуспехот на јужнокорејската репрезентација на Светското првенство се претвори во сериозна криза што ја потресе целата земја.

По елиминацијата веќе во групната фаза, разочарувањето на навивачите се претвори во гнев, а легендарниот Мјунг-бо Хонг се врати дома веќе како поранешен селектор – со строги полициски безбедносни мерки.

Корејската експедиција слета на аеродромот Инчеон околу четири часот наутро, очигледно за да избегне голем број навивачи и медиуми. Сепак, планот не успеа.

На терминалот ги пречека голема група лути навивачи на репрезентацијата.

Со тапани, извици и транспаренти, најгласната порака беше: „Мјунг-бо Хонг, оди си!“.

Иако селекторот ја објави својата оставка дури и пред да се врати во својата татковина, тоа не ги смири навивачите.

Атмосферата беше толку напната што властите ангажираа околу 160 полицајци, со дополнително приватно обезбедување.

Според азиските медиуми, по елиминацијата, Хонг добил сериозни закани, поради што постоеле стравувања од можни инциденти на аеродромот, вербални напади, па дури и фрлање предмети кон членовите на репрезентацијата.

За разлика од претходните големи натпреварувања, Фудбалската асоцијација на Јужна Кореја овој пат не организираше официјален прием за репрезентацијата.

Се вчитува...