Страшно невреме во Австрија ги одложува квалификациите за Ф1?

Сезоната во Формула 1 стартуваше минатиот викенд со трката за Големата награда на Австрија. Веќе утре е новата трка на истата патека во Австрија, меѓутоа по првите два тренинзи денешниот трет е одложен поради страшно невреме.

Третиот тренинг требаше да почне во 12 часот, но истиот е одложен поради големото невреме кое ја зафати Австрија. Не е познато дали и кога ќе се одржат и квалификациите.

Доколку челниците на Формула 1 одлучат тренингот и квалификациите да бидат откажани, тогаш стартот на утрешната трка ќе биде според резултатите од вториот тренинг.

 

Се вчитува...