Стриптиз на фудбалерот на Лилестром, пехарот од Купот заврши на… (ВИДЕО)

Фудбалерот на Лилестром, Александар Мелгалвис, со својот тим го освои Купот на Норвешка, а потоа претера во прославата на титулата. Пред навивачите и официјалните лица на прославата на централниот градски плоштад, Мелгалвис изведе стриптиз, а пехарот наменет за победникот, заврши меѓу нозете на фудбалерот.

norveska stri2

Срамните слики го обиколија светот, а после тоа се огласи и Мелгалвис со обид да го оправда својот непримерен чин.

Беше спонтано, со добронамерна идеја која доби многу позитивни коментари. Мило ми е што се случи тоа. Се разбира, никого не сакав да повредам и се извинувам ако некој се најде навреден“ – изјави Александар Мелгалвис.

norevska strip3

На разголениот фудбалер, после се му се заканува суспензија, а најверојатно и судски процес бидејќи стриптизот го изведе на јавно место пред многу навивачи.

Се вчитува...