Струга потпиша со „босански џин“ (ВИДЕО)

Ракометниот суперлигаш Струга во своите редови го доведе босанскиот џин Дино Мехиќ. Ракометарот кој игра на десната бековска позиција е висок 204 центриметри, а во минатата сезона настапуваше во шампионатот на Босна и Херцеговина за екипата на Слобода Тузла.

Амбициите на струшкиот тим годинава се да изборат опстанок во ракометната Суперлига и следната сезона да бидат дел од елитата.

Се вчитува...