ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 33. КОЛО….
Струмица: АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (3-1)
Манев 13′, Миловановиќ 25′, 49′ – Трајковски 42′
Гостивар: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (1-1)
Шефити 36′ – Ѓурѓевиќ 59′
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ (0-1)
Благојевиќ 67′(аг)
Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-2)
Петров 49′, Божиновски 87′
Битола: ПЕЛИСТЕР – БЕЛАСИЦА (2-0)
Драгарски 20′, Гоудијаби 76′
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (1-1)
Ибраими 41′ – Али Адем 58′
======================================================================================
- КРАЈ ВО КРАТОВО. СТРУГА ТЛ ГО ПОБЕДИ СИЛЕКС И ОДИ ВО УЕФА КОНФЕРЕНЦИСКАТА ЛИГА!
- Крај на натпреварот во Струмица. Академија Пандев со победа од 3-1 против Борец обезбеди директен опстанок! Силекс и Ренова ќе играат бараж за опстанок во Првата лига!
- Крај на натпреварот во Скопје. Македонија ЃП со 0-2 славеше против Вардар, но се чини ќе биде јалова победа поради предноста на Струга од 0-1 на гостувањето против Силекс во Кратово
- Натпреварот во Тетово, по прекинот, и излегувањето на „Балистите“, продолжи. Дуелот заврши без победник 1-1!
НАТПРЕВАРОТ ВО ТЕТОВО Е ВО ПРЕКИН ОТКАКО „БАЛИСТИТЕ“ ГИ МИНАА РЕДАРИТЕ И ВЛЕГОА НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН. ШКУПИ ЈА ПОВЛЕЧЕ ЕКИПАТА ОД ТЕРЕН…
СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ (0-1)
0-1 – 67′ – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. По нафрлувањето од левата страна, Јахја со глава а Благојевиќ пред својот гол сам ја сместува топката во мрежата
РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (1-1)
1-1 – 59′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Фахрудин Ѓурѓевиќ израмнува на дуелот во Гостивар
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (1-1)
1-1 – 58′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Али Адеми носи израмнување за чаирчани во Тетово
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)
0-1 – 49′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Катастрофална грешка на младиот вардаров голман Лука Стојковски. Петров носи предност за Македонија ЃП која во моментов значи европско место и настап во УЕФА Конференциската лига
АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (3-1)
3-1 – 49′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Миловановиќ го постигнува својот втор гол повторно за двојно водство на „пандевци“
- Почеток на второто полувреме на натпреварите од последното коло во ПМФЛ
- КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ
АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (2-1)
2-1 – 42′ – ГОООООЛ ЗА БОРЕЦ. Гостите ја ублажуваат предноста на Академија Пандев
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (1-0)
1-0 – 41′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Бесарт Ибраими го носи тетовци до предност на дербито со Шкупи
РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (1-0)
1-0 – 36′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Шефит Шефити носи предност за „гипсарите“ против Работнички
СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ (0-0)
!!! – 29′ – ГОЛЕМ ХЕНДИКЕП ЗА СТРУГА ТЛ. Марјан Алтипармаковски поради груби стартови во само две минути добива два жолти картони и исклучување!
АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (2-0)
2-0 – 25′ – ГООООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Брз контранапад почнат од голманот, Мартинага по левата страна одлично нафрли и Миловановиќ од десеттина метри со глава стрела во мрежата на гостите
ПЕЛИСТЕР – БЕЛАСИЦА (1-0)
1-0 – 20′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Гол на Драгарски за водство против Беласица
АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (1-0)
1-0 – 13′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. По корнерот од левата страна, Коста Манев по одбиената топка од гредата на гостинскиот гол мајсторски реагира сместувајќи ја топката во мрежата
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (0-0)
Фудбалерите на Шкупи со шпалир и аплаузи пред почетокот на натпреварот им ја честитаа титулата на фудбалерите на Шкендија.
- Почеток на натпреварите од 33. коло во ПМФЛ…
Шкендија денеска, по натпреварот со Шкупи ќе го добие и шампионскиот пехар за сезоната 2020/2021.
======================================================================================
Во последното 33. коло од ПМФЛ единствените непознати се кој ќе обезбеди место на европската сцена и кој ќе го избегне баражот за опстанок. Струга ТЛ со триумф во Кратово ќе биде сигурен патник во Европа, додека Академија Пандев со победа над Борец и дефинитивно ќе си обезбеди опстанок.
Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА