Струга ТЛ го „здроби“ молдавски Петрокуб, супер-гол на Кочоски

Лидерот по есенскиот дел во шампионатот, екипата на Струга ТЛ славеше убедливо со 3-0 против еден од најдобрите молдавски клубови, Петрокуб на подготовките во Анталија.

Тимот на Срѓан Захариевски до победата дојде со головите на Кочоски, Укпа и Јахја. Според информациите од Анталија, вистински евро-гол постигнал Кочоски.

Следниот натпревар на Струга ТЛ е „генералката“ пред продолжението од првенството против Воска Спорт на 11. февруари во Струга.

Се вчитува...