Струга ТЛ ја совлада Шкендија за чекор поблиску кон Европа, Вардар со една нога веќе во Втора лига… (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 31. КОЛО….

Битола: ПЕЛИСТЕР – АК. ПАНДЕВ (3-1)

Маневски 41′, Илијовски 48′, Гоудиаби 73′ – Маркоски 24′

Гостивар: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (0-2)

Алтипармаковски 3′(п), Босанчиќ 9′

Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

Тетово: РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (3-1)

Јашароски 9′, 45′, 81′(п) – Калпачки 52′

Кратово: СИЛЕКС – БОРЕЦ (1-1)

Пепи Ѓорѓиев 33′ – Мишов 80′(п)

Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (1-3)

Петејчук 83′ – Силјановски 12′, Ѓурѓевиќ 26′, Јевтоски 57′

======================================================================================

  • Крај на натпреварите од 31. коло во ПМФЛ. Струга ТЛ славеше голема победа против Шкендија за чекор поблиску кон Европа. Останува битката со Македонија ЃП која ремизираше на гостувањето против Шкупи. Вардар, пак, со една нога веќе е во Втората лига по поразот (1-3) од Работнички!

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (1-3)

1-3 – 83′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Анатолиј Петејчук ја ублажува предноста на Работнички


СИЛЕКС – БОРЕЦ (1-1)

1-1 – 80′ – ГООООЛ ЗА БОРЕЦ. Гол од пенал на Мишов за израмнување во Кратово

РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (3-1)

3-1 – 81′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Со хет-трик на Јашароски, Ренова веќе пред победа

ПЕЛИСТЕР – АК. ПАНДЕВ (3-1)

3-1 – 73′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Гоудиаби ја зголемува предноста на Пелистер против „пандевци“


ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-3)

0-3 – 57′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Стеван Јевтоски со нов гол за „романтичарите“, за веќе убедлива победа


РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (2-1)

2-1 – 52′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Калпачки ја намалува предноста на домашните во Тетово

ПЕЛИСТЕР – АК. ПАНДЕВ (2-1)

2-1 – 48′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Ристе Илијовски ги носи битолчани до водство од 2-1

  • Почеток на второто полувреме на натпреварите од 31. коло во ПМФЛ
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (2-0)

2-0 – 45′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Јашароски со глава од 7-8 метри за водстви и од 2-0 на Ренова


ПЕЛИСТЕР – АК. ПАНДЕВ (1-1)

1-1 – 41′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Борче Маневски носи израмнување за битолчани


СИЛЕКС – БОРЕЦ (1-0)

1-0 – 33′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Пепи Ѓоргиев ги носи кратовци до предност на дуелот со Борец

ПЕЛИСТЕР – АК. ПАНДЕВ (0-1)

0-1 – 24′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Шаркоски одлично го проигрува Маркоски кој стрела од непосредна близина во мрежата на Пелистер


ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-2)

0-2 – 26′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. И поранешниот вардарец Фахрудин Ѓурѓевиќ се запишува во листата на стрелците за водство од 0-2


ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 12′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Силјановски ги носи „романтичарите“ до предност од 0-1

РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (1-0)

1-0 – 9′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Ален Јашароски ги носи „гипсарите“ до предност

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (0-2)

0-2 – 9′ – ГОООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. По шутот на Алтипармаковски кој ја погодува гредата од противничкиот гол, Немања Босанчиќ одлично реагира на одбиената топка сместувајќи ја во мрежата


ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (0-1)

0-1 – 3′ – ГОООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Алтипармаковски од пенал погодува за водство на Струга ТЛ против Шкендија во Гостивар


ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 31. КОЛО ВО ПМФЛ

  • Познати се составите за натпреварот меѓу Вардар и Работнички…

======================================================================================

Во 31. коло од ПМФЛ, финални битки за третата позиција на табелата која носи во Европа, но и за опстанок. Вардар мора на победа со Работнички.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...