Струга ТЛ одигра без голови со Кикерс Офенбах на третиот тест дуел во Анталија

Фудбалерите на Струга Трим Лум одиграа натпревар без голови со германскиот Кикер Офенбах на третиот тест дуел во рамките на подготовките во Анталија.

Во рамноправен натпревар, двата тима не искористија по неколку можности за погодок, на крајот задоволувајќи се со реми.

Последниот пријателски натпревар за Струга ТЛ на подготовките во Анталија е утре против Младост Лучани.

Се вчитува...