Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим Лум го отвораат 17.коло во Првата фудбалска лига. Гостите мотивирани по триумфот над актуелниот првак Шкендија посакуваат да ја продолжат позитивната низа и во Ѓорче Петров, но и „лавовите“ дека ќе атакуваат на трите бода.
„Само победа на денешниот натпревар е позитивен резултат за Македонија ЃП и сигурен сум дека ова ќе биде победнички ден за нас“, најави напаѓачот Ален Јашароски кој игра во одлична форма во последниот период.
И двата тима по 16 одиграни кола освоија по 22 бода.
Останатите натпревари од ова коло се закажани за утре, а се среќаваат: Академија Пандев – Вардар, Шкендија – Шкупи, Работнички – Силекс, Борец – Ренова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА