Прволигашот Струга Трим и Лум славеше на контролната средба против шампионот на Албанија, Туета со 2-1. Стрелци за стружани беа Босанчиќ и Шабани, додека за Теута голот го постигна Брегу.
Ова за тимот од Струга беше последен натпревар пред двомечот од првото коло во новоформираната Конференциска лига каде ќе се сретне со летонска Лиепаја. Првиот натпревар ќе се игра во Летонија на 8. јули, додека реваншот во Македонија е закажан за седум дена подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА