Струга ТЛ триумфално со Шкендија, „пандевци“ го шокираа Силекс, победи за Шкупи и Тиквеш (ВИДЕО)

Струга ТЛ се врати на победите и во домашниот шампионат. Стружани славеа против Шкендија со 1-0 во дербито на 15. коло од Првата македонска фудбалска лига. Победи запишаа убедливи Шкупи против Скопје, како и Академија Пандев и Тиквеш против Силекс односно Работнички.

Струга ТЛ до триумфот во дербито дојде со голот на младиот Христијан Малески во 40. минута од натпреварот…

Шкупи со пресврт води победи против Скопје со 3-1. На дуелот кој се игра во Кичево, Шкупи за само три минути дојде до водство од 2-1 против Скопје, откако Настевски уште во 3. минута ги донесе гостите до предност од 0-1.

А, веќе во 22. минута по корнерот на Алварез од десната страна, на вториот дирек Грузиецот Гаги Марбелашвили од едно метри погоди за 2-1…

Во второто полувреме, погоди и Хамиди по мешаницата пред голот на гостите за конечни 3-1.

Академија Пандев конечно се разбуди. „Пандевци“ заслужено дојдоа до убедлива победа од 3-0 против Силекс. Домашните најпрво поведоа со голот на 21-годишниот Донев кој испрати силен шут за убав погодок од 25 метри, изненадувајќи го противничкиот голман Божиновски.

Се вчитува...