Струга ТЛ триумфално во Кратово за зацврстување на позицијата на врвот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Струга ТЛ запишаа нови три бода за задржување на предноста на врвот од табелата во однос на конкурентите во Првата македонска фудбалска лига.

Во првиот натпревар од 16. коло, стружани во дерби-пресметка славеа со 1-2 на гостувањето против Силекс во Кратово. Победата Струга ТЛ си ја обезбеди во првото полувреме кога ги постигна двата погодоци, а клучно беше и исклучувањето на Љамалари уште во 21. минута.

Струга ТЛ уште во 10. минута од средбата дојде до предност со голот на Бесарт Ибраими по оправдано досудениот пенал за гостите.

Во 21. минута втор жолт картон и исклучување, поради груб старт, заработи Арсим Љамалари кај Силекс, па тоа уште повеќе им ја олесни задачата на стружани.

Веќе во 24. минута акција по левата страна на гостите и Малески од непосредна близина погоди за 0-2.

Во второто полувреме, со играч помалку, Силекс со погодокот на Марјан Ристовски во 83. минута единствено успеа да го ублажи поразот.


ПМФЛ – 16. КОЛО (прво полувреме)

Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 1-2

Ристовски 83′ – Ибраими 10′(п), Малески 24′

УТРЕ (13 ч.)

Скопје: СКОПЈЕ – АК. ПАНДЕВ

Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ

Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Прилеп: ПОБЕДА – ШКУПИ

Слободна е Брегалница

Се вчитува...