Струга ТЛ води со Шкендија на полувремето, предност и за Шкупи, „пандевци“ и Тиквеш (ВИДЕО)

Струга ТЛ води против Шкендија со 1-0 на полувремето во дербито на 15. коло од Првата македонска фудбалска лига. По првите 45 минути, предност и за Шкупи против Скопје на дуелот во Кичево, а предност од 1-0 имаат и Академија Пандев против Силекс и Тиквеш против Работнички на домашен терен.

Струга ТЛ има предност од 1-0 против Шкендија со голот на младиот Христијан Малески во 40. минута од натпреварот…

Шкупи со пресврт води против Скопје со 2-1. На дуелот кој се игра во Кичево, Шкупи за само три минути дојде до водство од 2-1 против Скопје, откако Настевски уште во 3. минута ги донесе гостите до предност од 0-1.

А, веќе во 22. минута по корнерот на Алварез од десната страна, на вториот дирек Грузиецот Гаги Марбелашвили од едно метри погоди за 2-1…

Академија Пандев од 23. минута има предност од 1-0 на дуелот против Силекс. „Пандевци“ заслужено поведоа со погодокот на 21-годишниот Донев кој испрати силен шут за убав погодок од 25 метри, изненадувајќи го противничкиот голман Божиновски.

Се вчитува...